Груевски не се појави ниту во Собрание

by fokus

Поранешниот премиер Никола Груевски, откако синоќа не се појави во истражниот затвор „Скопје“, денес не се појави ниту на Комисијата за уставни прашања во Собранието.

Токму обврските како пратеник и учеството во расправата за уставните измени беа причините поради кои Груевски бараше одложување на издржувањето на затворската казна. Откако оваа барање му беше одбиено од судијата за извршување на санкции и од Кривиниот совет, тој мора да се пријави за издржување на двегодишната казна затвор.

 

Поврзани новости