425
Не може Зоран Заев да одлучу кој ќе биде во владата, туку граѓаните на избори, истакна премиерот Никола Груевски во однос на опозициското барање за формирање на преодна влада од технократски карактер, која ќе спроведе фер и демократски избори и ќе ја врати довербата во институциите.
– Заев се обидува да создаде лажна слика дека граѓаните гласале со притисоци и закани. Но, граѓаните знаат за кого гласале и немало никакви принуди – рече Груевски.