447
Не може СЈО да одржува толку прес-конференции, да отвора толку истраги, колку што Заев може да направи глупости, изјави поранешниот премиеро, Никола Груевски, откако Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора истрага против Груевски за пропаѓањето на пописот од 2011 година.
Според Груевски, СЈО ги прави овие прес конференција за да се дефокусира јавноста од она што се случува во земјата.
-Тој е многу побрз и подинамичен и почесто ги прави глупостите отколку што тие можат да отворат истраги за да му ги затскријат глупостите – истакна Груевски.
Според Груевски, одговорна за спроведување на пописот била Државната комисија и дека таа сама ги носела одлуките, без, како што рече, никакви притисоци.