Груевски: Не и се лутам на Јанкулоска!

by fokus

Екс премиерот и бегалец Никола Груевски во вечарашното интервју на телевизија „Сител“ истакна дека не им се лути на неговите доскорашни блиски соработници за изјавите, со кои го осудуваат неговото бегство.

-Тоа само докажува дека луѓето се апсени по политичка одлука, а не по судска. Тие ни криви ни должни беа уапсени. Имав информација дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски биле ставени на список за притвор за предметот Талир, но вака добија притвор десетина дена порано, вели Груевски.

Тој додаде дека неговите сопартијци биле под притисок.

-Луѓето беа во тешка ситуација, тие се под тежок притисок. Власта владее само со уцени, со страв. Не им се лутам, мораат така да кажат и јас ги разбирам. Ја разбирам и Јанкулоска, таа е притисната, во таква ситуација каква што е, не и замерувам. Јас знам како мислела претходно, но нема сега да откривам и да правам споредби. Тоа го прават заради вербата дека ќе го намалат политичкиот прогон врз нив, вели Груевски.

На прашањето дали сега знае точно кои му се пријатели, Груевски рече дека мнозинството сепак му останале пријатели.

-Околку 90 проценти ми се пријатели, а 10 проценти не. Тие се малцинство, мене тоа ме радува. На има дваесетина луѓе на кои многу сум им помогнал, излегоа дека половина од нив сега не ми се пријатели, рече бегалецот.

Тој најави дека ќе пишува и мемоари, бидејќи на прашањето дали меѓу овие луѓе има и поранешни министри тој рече „Оставете нешто и за моите мемоари“.

 

Поврзани новости