432
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку видео порака се обрати до македонската јавност, за да предупреди дека “мрачни структури прават последни обиди за закрвување на народот.”
-Повикувам да не се подлегнува на никакви провокации и обиди за закрвување. Тоа е мојата порака до вас. Уште два дена, не дозволувајте сега на крајот да не закрват, не подлегнувајте на провокации. Тоа се последни обиди на еден систем во распад на Зоран Заев и на посебни структури зад него. Но само внимателно, не не закрвија досега, нема ни одсега. Мрачните структури сакаат да го заплашат поединецот, граѓанинот затоа што го гледаат нивниот пораз и јасно им е какви ќе бидат резултатите и што е волјата на народот- рече Груевски.