Груевски не бил изненаден од одлуката на Врховен, била дел од политичкиот прогон

by fokus 15:48
15:48

Поранешниот премиер, Никола Груевски кој избега во Будимпешта и на ја одлежа затворската казна за „Тенк“, пишува дека не бил изненаден од одлуката на Врховниот суд којшто ја потврди пресудата за него и ја нарече дел од „политичкиот прогон“ на власта.

-Зоран Заев преку свои посредници кои настапуваа и пренесуваа пораки во негово име, најчесто негов близок адвокат, континуирано вршеше притисок и влијание врз врховниот суд, а истото го правеше и го прави и врз пониските судови, вклучувајќи го и кривичниот суд за други предмети од корпусот на оние предмети создадени со политички мотиви и интервенции и кои се дел од политичките прогони во Македонија.  Пораките секогаш се од една личност, само “поштарите” некогаш се менуваат, а неретко “доставата” е и лична, понекогаш и јавна, напиша Груевски на Фејсбук.

- Advertising -

Поврзани новости