-Во врска со „Скопје 2014“ можеби наша грешка е што сакавме да направиме се одеднаш што е пропуштено. Овој проект за среќа има многу повеќе поддржувачи отколку противници, но сепак се чини дека премногу се завлече, рече премиерот Груевски во обраќањето на партискиот конгрес, кое се уште трае.
Тој најави дека од проектот „Скопје 2014“ во делот на спомениците остнува уште да се постави споменикот на Мајка Тереза. Иако, до скоро се тврдеше дека овој споменик нема да се финасира од државни пари, сепак, Груевски рече дека тој ќе биде платен од буџетски средства.
Како друга слабост на неговото владеење тој го посочи и брзото менување на законите и недостигот на нивно споревудување.
-Следна слабост која треба да ја менуваме е пребрзото и пречесто менување на законите, но тоа е затоа што нашата програма беше многу динамична, обемна и амбициозна. Друга слабост е што понекогаш спроведувањето на законите не беше до крај. Јас креирав тим за проверка на спроведување на програмата, рече сегашниот и иден лидер на ВМРО-ДПМНЕ.