Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се обрати на партискиот митинг во Бутел, каде ветувањата на СДСМ ги спореди со оние на Итар Пејо.
-Втората третина или помалку од една половина им е повторно лажни ветувања, повеќето од работите не можат да се исполнат. Третото им е една чиста демагогија, едни апстрактни поими, ќе донеле живот, во Бутел ќе донеле живот, што да ви кажам. Ќе донеле воздух, како во приказните со Итар Пејо, со Насрадин-оџа, каде што му продаваа разноразни работи на народот со разноразни итроштини, така и овие нашиве што се сега на власт ќе продаваат воздух на народот. Народот има воздух, народот има живот, животот го дава Господ, а не СДСМ, рече Груевски.
Тој рече дека ја следи и противничката кампања и напомена дека една третина од говорите ги посветуваат да го навредуваат, да го плукаат, да ги омаловажуваат него, неговите соработници и ВМРО-ДПМНЕ.