Ние сме во фаза на внатрепартиско преструктуирање и кадровско освежување, изјави предмалку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, информирајќи дека во тек е последна фаза на вантрепартиски дијалог за кадровски промени и изградба на нови политики, со цел враќање на власт.
-Јас разбирам политичка борба, но ова е повеќе од тоа и на крај ќе им се удри од глава. Работев чесно и со љубов. Грешки имаше, но во споредба со успесите и реформите тие беа мали. Но, во периодот што следува ќе ги исправиме и народот допрва ќе види каква е разлика меѓу нас и СДСМ, и тоа не на зборови и празни ветувања туку во дела – рече Груевски.
Тој порача дека партијата мора да се реструктуира, во насока на, покрај останатото, подобрување на осносите со меѓународната заедница, но и во правец на изградба на автентична политика кон „помалите“ етнички заедници.
-Мора да работиме на исправување на искривената слика што ја создаваа за нас пред Албанците, која беше товар за албанските партии да му бидат партнери на ВМРО. Обичниот Албанец нема да има аир од СДСМ на власт, туку и ним, како и на сите други граѓани, им треба подобар живот, пари, работни места, стандард и услови за живот – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.