586
Од СЈО соопштија дека побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски не располага со пари и со имот на свое име, а празни му се и банкарските сметки кои би можеле да бидат замрзнати поради неговото бегство во Унгарија, објави 1ТВ.
Сепак, тој добива плата како пратеник во Собранието, иако денеска му беше намалена поради неоправдано отсуство на собраниските седници.