484
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска треба да седне на обвинителна клупа за „шамарите“ што ги порача во 2013 година за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Обвинети во овој случај што го покрена Специјалното јавно обвинителство се Груевски, поранешниот министер за транспoрт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и десетина други лица.
На минатото рочиште, поради отсуство на петмина од обвинетите, судијката Татјана Михајлова ја одложи расправата за предметот.