Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со високиот американски претставник Хојт Ји, со кого разговарале за теми врзани со надминувањето на политичката криза во државата.
Како што стои во соопштението на партијата, Груевски посочил дека партијата е насочена и посветена кон изнаоѓање на решенија во насока на почитување на волјата на граѓаните и во функција на надминување актуелната политичка криза и креирање на услови за напредок.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека тема на разговорите биле реформи за унапредување на состојбите во различните сфери кои се поврзани со интеграцијата во НАТО и ЕУ.
Груевски истакнал дека приоритет на партијата се и развојот на економијата, отворањето на нови работни места и заштита и унапредување на животниот стандард.
Од владеачката партија не соопштија ни збор за аболицијата и изборите.