Груевски на средба со Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформите за кои ќе оцени дека се од интерес на граѓаните

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска заедно со екс министрот за здравство, Никола Тодоров оствари средба со амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, соговорниците разговарале за актуелната состојба, приоритетите и предизвиците на државата.

– Беше констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што и преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ. Воедно беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости