703
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешната прослава на 27-миот роденден на партијата, им се заблагодари на основачите на ВМРО, на првото партиско раководство, како и на месните раководства во селата и градовите.
Притоа, тој го спомена и првиот партиски претседател Љубчо Георгиевски, кој е лидер на друга партија со преднзак ВМРО (ВМРО-НП), што ја формираше по разидувањето со Груевски пред повеќе од 10 години.
Актуелниот лидер на ДПМНЕ ги спомена и основачите на македонската револуцонерна организација и нивните следбеници, чија борба за слободна и независна Македонија, како што рече, продолжила и за време на комунистичкиот режим.