Белиот коњ како метафора на ноќна мора – вака поранешниот премиер Никола Груевски му одговори неговиот наследник на Илинденска Зоран Заев, кој, коментирајќи ја одлуката на Апелација за враќањето на предметот „Таргет-Тврдина“ на повторно судење, се запраша што е следно – Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати на бел коњ.
„Ова е она кога цел народ и цел свет на видео снимка прибавена законски со одлука на обвинител и судија, те гледа и те слуша како најдиректно и отворено бараш мито, бараш поткуп, бараш пари од локален бизнисмен, му објаснуваш дека сите други како него во градот редовно и безпоговорно си плаќаат мито, па жртвите ги редиш и по име, и отворено објаснуваш дека парите од митото се за тебе лично, користејки ја својата политичка моќ која ти ја доверил народот во општината.
Потоа ти средуваат со судот (кај Добрила Кацарска) да се погазат доказите против тебе кој самиот суд ги обезбедил и да се погази правдата пред очите на цел народ за да се овозможи да го направиш националното предаство кое си го договорил однапред, со насилна и со недозволени средства промена на името на државата, името на нацијата и на јазикот како и одкажување од историјата, како онаа од античкиот период, така и сета друга македонска историја до пред 75-76 години.
За награда те оставаат да продолжиш ти и твоите блиски да бараш поткуп и да ја пљачкаш државата и народот уште неколку години, најбрутално да ги прогонуваш твоите конкуренти во политиката за политички да не те загрозат и подолго да владееш, со злоупотреба и притисок на правосудниот систем и паралелно на сето тоа да глумиш “чесен” човек што искрено се бори против криминалот и корупцијата“, напиша Груевски на фејсбук.