Поранешниот македонски премиер – Никола Груевски на својот фејсбук профил реагира за вчерашната изјава на претседателот на Демократско движење – Изет Меџити кој рече дека помеѓу Груевски и Заев повторно би го избрал Заев.
Меџити во гостување на Тв21 порача дека во 2016 имало две групи во ДУИ, од кои едната била да се продолжи со Груевски, а другата, која ја предводел Меџити, била да се прави влада со Зоран Заев.
„Тоа било правата одлука затоа што така како држава отидовме напред, влеговме и во НАТО. Помеѓу Груевски и Заев, повторно би го бирал Заев”, рече Меџити.
Никола Груевски вели дека вооопшто не се сомнева дека Меџити повторно би коалицирал со екс-премиерот Зоран Заев.
„Секогаш ќе има добра причина за тоа. Не знам само од каде му е потребата за демонстрација на таков дисреспект кон членството на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент. Негов е изборот, а мене ми е комплимент што Меџити го бира Заев. Фино што на избориве граѓаните кажаа што мислат за политиките на Заев и тие што го поддржуваат“ – пишува Груевски на ФБ.