Груевски ќе помогне ако се врати да си ја отслужи казната, смета Заев

by Fokus

Средба на лидери на политички партии од десницата која може да приденесе за зацврстување на македонско-унраското пријателство. Вака премиерот Зоран Заев ја оцени вчерашната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

– Ова за мене е многу логично. Се работи за двајца претседатели на политички партии од десницата. Тие се членки на ЕПП и логично е да се среќаваат. Секако убаво е да се поделат сите детали со јавноста како што тоа е обврска на сите јавни личности од таквите средби. Јас верувам дека таа средба може да придонесе кон зајакнување на пријателството помеѓу Република Северна Македонија и Република Унгарија, изјави Заев одговорајќи на новинарско прашање при денесшната посета на Битола.

Прашан за коментарот на Никола Груевски на Фејсбук дека „поради случувањата во земјава држава му идело да му помогне на Заев, премиерот рече дека Груевски најдобро би помогнал кога би се вратил во земјава за да си ја отслужи казната.

– Мора да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Се е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со се, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома, кажа Заев.

Поврзани новости