616
Поранешниот премиер Никола Груевски, заедно со останатите обвинети во случајот на СЈО „Титаник“, ќе ја сефтосаат новата зграда на кривичниот суд бидејќи судското рочиште закажано за понеделник е предвидено да се оддржи во големата сала во новиот објект.
Како што денеска посочија од Основниот суд – Скопје 1, утре ќе започне преселбата во новиот објект, поради што се предвидува и свечено пуштање во употреба.
Инаку, камен-темелникот на новата зграда на кривичниот суд беше поставен во 2010 година, а меѓу присутните беше и тогашниот премиер Груевски.