Поранешниот лидер и премиер Никола Груевски денеска пред судот, каде што е на рочиштето за случајот ТНТ, односно за рушењето на Космос рече дека воопшто не му била целта да предизвика инцидент, туку јасно и гласно да покаже дека не се согласува со начинот на кој беше донесен Законот за употреба на јазиците.
„Јас му ја тргнав раката на Џафери во моментот кога тој ме допре и ништо повеќе од тоа не се случи. Талат Џафери треба да им се извини и на македонската и на албанската јавноста поради тоа што на шверцерски начин донел закон кој што ги засега токму албанските граѓани.
Помеѓу другото, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека процедурата при носењето на законот е прекршена, а законот е противуставен.
Веднаш по инцидентот, кога за малку беше избегната тепачка помеѓу Џафери и Груевски, и собранискиот спикер рече дека тој не суди, туку јавноста е таа која ќе го процени однесувањето на поранешниот премиер.