Премиерот Никола Груевски изјави дека акцијата на македонските полициски сили викендов во Куманово била високопрофесионален, патриотски и херојски подвиг против, според него, најопасната терористичка група на Балканот, чија цел била дестаблизација на Македонија.
– И покрај провокациите, Албанците не ги поддржаа терористите, кои не и сакаат добро на државата, на сите сите нејзини граѓани, како и на оние кои го чуваат нејзиниот уставен поредок. Ова не е македонско-албанска пресметка, бидејќи тие се штетни и за Македонците и за Албанците во регионот – рече Груевски.
Тој додаде дека лицата чии домови биле оштетени во полициската акција против терористите, чија елиминација, како што рече, спасила ликвидација на можеби 8.000 луѓе, ќе бидат соодветно обештетени по извршниот увид.