Минатиот петок одлуката дека се потврдува казната од 2 години затвор пристигна во кривичниот суд. Вчера, одбраната, и експремирот Никола Груевски ја добиле на рака, пренесува Телма. Предметот е распределен кај судија за извршување санкции кој има рок од 8 дена да изготви упатен акт за извршување на казната.
„Вчера, во понеделникот ја добивме одлуката од Апелацискиот суд. Оставивме да тече рокот во кривичниот предметот да биде распределен кај судија за извршување санкции. Со оглед на празникот и веќе во среда ќе прашеме кај кој судија се наоѓа предметот за извршување санкции кој треба да изготви упатен акт, а ние да бараме одглагање како право на одбрана“- вели Сања Алексиќ адвокат од одбраната на Груевски.
Од скопска единица велат дека Груевски добил само пресуда, но не е изгиотвен упатен акт, бидејќи доцна синоќа судија го примил предметот.
„Е, сега според процедурите во рок од 8 дена судијата треба да изготви упатен акт во кои стои датумот и затворот, и да му се достави на Груевски“, кажаа од Основен суд Скопје 1.