571
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во воведните зборови за предметот „Титаник“, во кој е првообвинет за злосторничко здружување и изборни измами рече дека не сторил ништо од тоа што му се товари, туку единствено раководел со партија која победувала на сите избори.
-Инсинуации се наводите дека сум се договорил со некој од обвинетите и дека сум натерал да стори кривично дело, рече Груевски кој додаде дека Специјалното јавно обвинителство ги конструира овие случаи бидејќи партијата на која беше лидер до декември минатата година имала убедливо водство на сите избори.