530
Никола Груевски се уште не го примил решението на Кривичниот ссовет, откако судскиот курир вечерва и по третпат се обидел да го најде во неговиот дом, објави порталот НОВА ТВ.
Решението на Груевски ќе му биде врачено в понеделник кога тој треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.
Викендов Груевски може и сам да се пријави во Шутка без решението од Кривичниот совет, затоа што тој веќе има упатен акт за извршување на казна затвор.