508
Еве вака, кога ќе ги погледнете на втора, ќе приметите дека имаат ист тип на фризура, позната по берберскиот термин – школска. Океј, за да има разлика, Заев во последно време малку поталасесто ја носи од Груевски, кој пак, изминативе дузина години иако промени многу министри и воведе нови промени, берберот и фризурата за ништо на светот не ги менува.
Останува да чекаме и видиме после преговорите меѓу нив на кој попрво ќе му побеле косата, освен ако еден од нив во меѓувреме не се офарба и им приредни (не)пријатно задоволство на граѓаните.