455
По четиридневниот одмор за велигденските празници, судските рочишта по предметите на СЈО продолжуваат со засилено темпо. Екс премиерот Никола Груевски кој постојано во судница се жали дека секој ден е на судење и неделава ќе има набиена агенда, односно во вторник, среда и четврток ќе треба да седне на обвинителна клупа.
Во вторник ќе му се суди за случајот „Тенк“, односно набавката на мерцедесот од 580.000 евра, а и во средата е закажано рочиште за истиот предмет. Во четвртокот пак во судница заедно со него ќе седнат и неговите доскорашни најблиски соработници од поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, на кои им се суди за изборните нерегуларности во случајот „Титаник“.