Груевски и Мијалков ставени на црната листа на САД

by Fokus

Стејт департментот на САД  јавно ги посочи за вмешаност во голема корупција поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, поранешниот директор на Секторот за безбедност и контраразузнавањето (УБК) Сашо Мијалков, како и Гордана Тадиќ од Босна и Херцеговина од канцеларијата на главниот обвинител.

„Ги презедовме овие активности како одговор на поранешна вмешаност на овие официјални лица во значителна корупција. Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја намалија вербата на јавноста во нивните влади“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Поврзани новости