Груевски-Хан: Констатиравме дека има услови за избори

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја заврши средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.

Во партиското соопштение испратено до јавноста, стои дека соговорниците се согласиле дека условите за фер и демократски политички натпревар во декември се исполнети и избори мора да има.

-Груевски посочи дека изборите се едиствениот начин за излез од политичката криза, а за веродостојноста на целокупниот процес и градењето на доверба потребен е ангажманот и придонесот на сите полиички субјекти  – стои во партиското соопштение.

Инаку, на крајот од денешните средби, Хан рече дека добил впечаток дека изборите може непречено да се одржат, бидејќи како што рече, видел напредок во Избирачкиот список, во работата на медиумите и на Агенцијата на медиуми.

Тој на политичарите им потенцирал дека работата на специјалната обвинителка е од суштинско значење и ги повика да и дадат поддршка, но не даде конретен одговор за нејзините барања за измена на законот за заштита на сведоци и за продолжување на законот за СЈО.

 

Поврзани новости