Груевски: Го прашав членот на моето обезбедување, ми рече дека на 27-ми април разговарал со сопругата и братот

by fokus

Во врска со обвинението за настаните од 27-ми парил, во кое стои дека демонстрантите се мобилизирале откако добиле повик од член на обезбедувањето на Никола Груевски, поранешниот премиер вели дека неговиот телохранител тој ден разговарал само со неговото семејство.

-Кога беше објавено дека членот на моето обезбедување имал телефонски разговор на 27 април од Виена, јас го прашав и рече дека како и секој кога оди на патување надвор, имал семејни разговори со неговите сопруга и брат и тоа e сѐ. Да имаше Д од доказ против мене немаше да бидат тука, што не значи дека и тие што ги уапсија се виновни. Објавувањето на информациите со детали од обвинението за „крвавиот четврток“ не само што е наменско, туку е и направено за да се објавуваат во фази – рече Груевски.

Тој не сакаше да одговори кој ја направил таквата нарачка.

– Нарачано е од тој кој има интерес да не се зборува за неговите грешки – рече Груевски.

Поврзани новости