По серијата преписки преку Фејсбук, поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега азилант во Унгарија, Никола Груевски синоќа со нова порака до Мицкоски преку социјалните мрежи. Го обвини дека тајно соработува со поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.
-И молк за Заев. За нивната тајна соработка и заеднички планови. Кои се темелите, целите, моралната димензија, националните позиции и идеологијата на новото сојужништво со З.Заев.
Па нели тој беше наш политички заеднички противник, беше главниот “џелат” на сите политички прогонети од ВМРО-ДПМНЕ, тоа беше влада која направи промена на името, уставот, националноста, идентитетот, историјата…со договорот со Грција, ги апсеа нашите пратеници за да ги уценат за гласање, Заев на телевизија тврдеше дека “Сичките сме сшти”, “един народ сме” итн.
До пред година-две ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека Заев е најкорумпираниот политичар, предавник итн.
Гледам сега се плашат името да му го спомнат. Со тој ли сега политички сојузници треба да бидеме? Уцена ли е во прашање? Што се случи?, напиша Груевски.