Поранешниот премиер Никола Груевски денеска преку Фејсбук потврди дека новите снимени разговори кои беа објавени вчера на YouTube, а во кои тој разговара со бизнисменот Орце Камчев.
„Да, тие разговори се случија во февруари 2021 година. Овие разговори ги водевме на почетокот на процесот и тие уште еднаш покажуваат под каков брутален притисок се луѓето опфатени и ставени на листата на власта за политички прогон, каде правосудниот систем е само егзекуторот, вклучително и самиот Камчев. Секако јас сум прв на листата за “отстрел” па подготвени се на секакви работи само за што повеќе да ме обвинат и осудат.
Овие снимки точно покажуваат дека немам никаква врска со таканаречените “Плацеви на Водно”. Јасно е дека никој не зел милион и пол евра од партија. Јасно е дека од никого не сум барал никакви услуги или совети за купување на тие плацеви.
Самиот Камчев ми кажа дека имал подготвено и физибилити студија за изградба на старачки дом за лица на кои им е потребна лекарска грижа. Самиот Камчев ми кажа под каков притисок бил не само тој, туку и останатите обвинети и сведоци за да даваат лажни искази“, пишува Груевски.
Тој вели дека исти вакви снимки во случајот „Рекет” биле прифатени за докази и се донеле судски пресуди на база на тие докази.
„Овие снимки точно покажуваат дека немам никаква врска со таканаречените “Плацеви на Водно”. Јасно е дека никој не зел милион и пол евра од партија. Јасно е дека од никого не сум барал никакви услуги или совети за купување на тие плацеви. Самиот Камчев ми кажа дека имал подготвено и физибилити студија за изградба на старачки дом за лица на кои им е потребна лекарска грижа.
Самиот Камчев ми кажа под каков притисок бил не само тој, туку и останатите обвинети и сведоци за да даваат лажни искази. Но, нашиот правосуден систем е полн со противречности и двојни аршини и нема ништо да ме изненади“, пишува Груевски.