Груевски: Георгиевски бараше амнестија за Заев, но тој не го разбрал и му се заканува и на него

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски денеска на народниот собир во Прилеп, рече дека народот ги прочитал СДСМ и не им верува, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека не може да разбере од „каде тој комплекс кај нив така да се однесуваат поданички и возбудено како кутре кое мафта со опавчето кога некој ќе ги праша дали странците ги поддржуваат.

Груевски смета дека лидерот на СДСМ си ја покажал својата природа, заканувајќи му се на Љубчо Георгиевски кој само, како што рече, побарал амнестија за Зоран Заев и неговите соработници.

– Човекот јавно побара амнестија за Заев и за неговите соработници и ништо повеќе, но Заев дали не дочул, дали не доразбрал, зашто и тоа е можно, веднаш му се закани на Љубчо дека ќе објавел нешто и за него. Како демократ неверојатна работа. Значи сирот Љубчо сакајќи да му помогне веднаш си доби закана. Заканиве кај Заев некако инстинктивно му доаѓаат. Всушност како некој рефлекс истакнаГруевски .

Поврзани новости