Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на казна затвор од 6 години, а поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски, доби условна казна од две години за случајот „Талир 2“.
-Виновни се затоа што обвинетиот Груевски, кој бил претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Божиновски, кој бил генерален секретар на партијата, незаконски прибавиле имот, односно објект, со вредност од 132 милиони денари, истакна судијката Даниела Алексовска- Стојановска.
Обвинетите се товареа за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Предметот беше отворен од сега згаснатото СЈО, а застапници на обвинението беа обвинителите Ленче Ристоска и Љубомир Лапе.