524
Лидерот на владејачката партија Никола Груевски на средбата со Викторија Нуланд се согласил оти изборите се излезот на кризата, но бара гаранции од опозицијата дека нема да бара уште едно одложување.
Груевски побара од СДСМ да се обврзе дека сите услови за избори се исполнети, нема пречки за нивно одржување и дека ќе учествуваат на истите, со цел да не се создаваат нови изговори за нивно ново одложување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, на средбите со Нуланд лидерите на четирите политички партии се согласиле оти мора итно да се спроведат реформите за организација на изборите што побрзо. По средбите, Нуланд најави и нов нацрт договор за предвремени парламентарни избори.