На новото судско рочиште за насилствата пред Општина Центар од 2013 година денеска треба да се соочат лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Обвинети во случајот „Шамарите за Жерносвски“ освен Груевски се и поранешниот министер за транспoрт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и десетина други лица.
На 3 мај имаше неуспешен обид да почне судењето против експремиерот кој е првообвинет за насилствата и шамарите во Центар, и уште 13 обвинети. Минатиот пат дојдоа 20-тина оштетени и сведоци за кршењето на општината во 2013 година.
За првпат се појави Жерновски, за кого според прислушуваните материјали од „бомбите“ на СДСМ, Груевски нарачувал да влезе некој и да му удри пет-шест јаки шамари, за што ќе одговарал, според него, само прекршочно.