Премиерот Никола Груевски денеска во Вашингтон ќе оствари средба со американскиот потпретседател Џо Бајден. Според најавите, главни теми ќе бидат продлабочувањето на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија.
Не е исклучена можноста Груевски освен со Бајден, да се сретне и со некој друг висок претставник на американската администрација, а се спомнува името на Викторија Нуланд.
Ова ќе биде втора средба на Никола Груевски со Џо Бајден, а првата беше во 2011 година. Денешната средба доаѓа во период кога преговорите за спроведување на Договорот од Пржино се закочени, а се ближи крајниот датум кога премиерот Груевски треба да си поднесе оставка.