Груевски чека ДУИ да му ја скрои судбината

by fokus

Вечерва на полноќ истекува рокот за формирање влада на мандаторот Никола Груевски, но тоа не зависи од него, туку од одлуката кој ДУИ треба да ја донесе денеска со кого ќе оди во коалиција.

Откако вчера ДУИ не одлучи дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, денеска во 14 часот ќе продолжи состанокот на Централното претседателство на партијата во проширен состав. По завршувањето на вчерашниот состанок, портпаролот на партијата Бујар Османи изјави дека уште не се исцрпени сите опции.

Потпретседателите на ДУИ пак, вчеравечер беа на разговори во СДСМ, а Али Ахмети рече дека тој е претседател и знае каде се неговите потпретседатели.

Поврзани новости