Груевски барал „Космос“ да се сруши со динамит затоа што механичкото рушење било пребавно, рекоа обвинителите на СЈО

by fokus

Не се чувствувам виновен по ниедна точка од обвинението, рекоа сите седум обвинети на почетокот од денешното судење по предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство. Меѓу обвинетите се и екс премиерот, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски.

Обвинети се дека преку злоупотреба на службената положба и овластување, од омраза кон бизнисменот Фијат Цановкси, договориле рушење на неговиот деловен комплекс „Космос“.

За невини се изјаснија и останатите обвинети, Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Обвинителите истакнаа дека обвинението ќе го докажат преку собраните материјали и докази, како и сведочења на лица и вештаци.  Според СЈО, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари.

Истрагата на СЈО покажала дека преку експресна тендерска постапка била избрана фирмата за уривање на објектот. При набавката на екплозивот Општина Газа Баба била оштетена за три милиони денари. Според обвинителот Стевчо Донев, набавката била спроведена по брза постапка затоа што Груевски не бил задоволен од бавното темпо на уривање на објектот со механичкиот метод.

 

 

 

 

Поврзани новости