418
„СЈО година ипол објавува дека ќе добиеме обвиненија. Ако сакав да избегам, можев да избегам“ рече лидерот на опозицијата, Никола Груевски, кој денеска беше во посета на Битола.
„Знаев дека или на 28, 29 или на 30 јуни СЈО ќе одржи прес и ќе ги поднесе овие обвиненија без никакви докази“, вели Груевски.
Тој додаде дека се работи за политичка хајка, политички атак врз ВМРО- ДПМНЕ, да ја деградираат и омаловажат партијата.
„Јасна е работата дека станува збор за политичка хајка со цел СДСМ да ги прикрие своите неуспеси и плановите кои ги има да ги направи поврзани со државните и националните интереси, а ние да се занимаваме со вакви проблеми“, изјави Груевски.