„Се трудам да се воздржам да не кажам некои работи што ќе им направат голема штета. Јас имам многу информации, но сум незадоволен од многу работи“ – рече Никола Груевски синоќа во вонредното вклучување во емисија во живо на порталот Инфомакс.
„Јас со многу нивните политики не се согласував и сега не се согласувам, но не го кажувам тоа јавно за да не направам штета. На пример го спомнавте Александар Николоски, па јас толку работи можам да му одговорам да не може да се отплетка со месеци. Или на Христијан. И да се чудат што ги снашло“ – рече Груевски.
Тој рече дека не сака да го направи тоа, но доколку решиле да продолжат да се занимаваат со него, тогаш ќе бил тука.
„Не сакам да го направам тоа. Таа партија не е на Александар и на Христијан. Во мое време таа партија имаше 181.000 членови. Се трудам да не возвратам силно како што знам. Ги оставам да лудуваат некое време да им помине. Ако почнеме јас и моите приврзаници што сме незадоволни од ова раководство тоа води во една друга насока. Но, овие луѓе како да сакаат да се случи тоа. Но доколку се решат да се занимаваат со мене до изборите тогаш тука сум“ – заклучи тој.