349
Првиот вицепремиер Артан Груби денеска на прес-конференција меѓудругото кажа дека земал најмала плата меѓу колегите, и покрај зголемувањето на платите на функционерите.
Тој не сакаше да ја каже висината на неговата плата, но пресметките велат дека таа изнесува околу 125.000 денари.
„Значи сите се различни, а гледам дека мојата е најмала во однос на останатите вицепремиер и премиерот. И исто така е помала од моето претходно работно место, но е согласно законот и навистина е добро што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука“ рече Груби.