852
Вицепремиерот Артан Груби ви вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека нема да има целосно нова Владата, туку станува збор за реконструкција и дека реконструираната Влада на почетокот, треба да ја предводи Зоран Заев.
-Актуелниот премиер ќе ја составува Владата. Во текот на утрешниот ден или до понеделник, би требало да се заокружат преговорите и да имаме стабилно парламентарно мнозинство.
Но, секако тоа ќе го направи, убеден сум, дека тоа ќе го направи актуелниот премиер, затоа што тоа ќе биде реконструкција, а не нова Владата. Сметам дека на почекот ќе биде предводена од актуелниот премиер. Сметам дека би требало да продолжи уште одредно време за да се заокружат тие битни процеси, додека не запловиме во помирни води, вели Груби.