Груби за знамето со голема Албанија: Непотребен настан кој не носи добро ниту за Албанците, ниту за Македонците

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби коментирајќи го вчерашниот инцидент во Тетово каде повторно се вееше знаме на т.н. „голема Албанија“, рече дека тоа било непотребен настан кој не носи ништо добро и има за цел да дефокусира.

-Тоа се мали партии со големи комплекси, јас се надевам дека никој од нас, ниту граѓаните ниту институциите, ниту медиумите нема да им дадат можност преку мали гестови да стануваат големи партии. Вакви настани не ни се потребни посебно не кога во нашата држава пристига висок гостин од Стејт департментот да ни даде поддршка за европска интеграција на земјата, а ние да предизвикаме вакво нешто, да ја дефокусираме јавноста, тој настан, тој вокабулар е само за самофакторизирање и служи на некои агенди кои не и го сакаат доброто ниту на Македонија, ниту на Албанците, ниту на кој било друг и затоа сметам дека треба да ги игнорираме како маргинални фактори во општеството и непотребни инциденти кои се апсолутно провокација за европскиот пат на нашата земја, рече Груби.

Поврзани новости