Груби за оставката на Меџити: Тоа е негова лична одлука

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби денеска, коментирајќи ја одлуката на Изет Меџити да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, рече дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.

-Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети, вели Груби во изјавата што ја објави Алсат.

Тој не сакаше да коментира во врска со судирот во партијата, потсетувајќи на изјавата на лидерот Али Ахмети по последниот состанок на ЦК на кој се согласиле дека сите прашања се решени и да ги поддржат политиките на партијата.

Изет Меџити вчера со писмо го информира претседателот на Собранието, Талат Џафери дека се повлекува од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, а како причина ги наведува случувањата во како што вели албанската политика и во неговата партија.

Меџити на крајот потенцира дека и натаму ги поддржува политиките на Ахмети и на како што вели гласачите на ДУИ.

Поврзани новости