1.1K
Вицепремиерот Артан Груби вели дека неговото присуство на 40-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е добар знак за напредок. Како што порачува тој, време е за помирување.
-Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажуваме дека државата е заедничка на сите што живееме тука – изјави Груби на ТВ 21.
Тој додаде дека во минатото имало Албанци во единицата, но се откажале.