561
Пратеникот од ДУИ и организациски секретар на партијата, Артан Груби, за време на посетата на САД, со директорот на Канцеларијата за Централна и Југоисточна Европа на Стејт департментот, Даниел Костеланцик, разговараше и за моделот за проверка на функционерите што го предлагаа интегративците – ветинг.
„Предмет на проверка на интегритетот би биле политичарите, носителите на јавните функции, обвинителите и судиите“, рекол Груби, додавајќи дека ДУИ се ангажира за неселективна правда, донесување на Законот за јавното обвинителство и општо владеењето на правото.