Груби вицепремиер, Османи министер за надворешни, а Бесими министер за финансии?

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вечерва во 18 часот, пред централното раководство на партијата ќе ги претстави идните министри во владата. Според извори на ТВ21, Ахмети со мали консултации, но во најголем дел сам одлучувал за новите министри за разлика од претходните пати кога предлозите за министри доаѓале директно од ограноците на ДУИ.

Па така, ТВ21 неофицијално ги објави можните министри од ДУИ:

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – Ширет Елези
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби

Поврзани новости