Груби: Викендов во Париз се работело на новата методологија за преговори со ЕУ

by Фокус

Во Париз викендов се работело на новата методлогија за проширување која ќе им биде понудена на земјите – членки на ЕУ, рече претседателот на собраниската комисија за европски прашања Артан Груби, посочувајќи дека ваква информација добил од потпретседателката на францускиот Сенат Елен Конве-Муре.

– Тоа што ме информираа беше многу охрабрувачки дека викендов се работело во претседателската палата во Париз и дека набрзо ќе излезат со нова методологија за проширување која ќе биде понудена на земјите – членки на ЕУ, што е нов момент на кој што би можеле да го градиме нашиот наратив во време на вакуум помеѓу недонесување на одлука и нов самит незнаејќи што ќе се случува во рамките на ЕУ – рече Груби.

На средбата било разговарано околу политичката состојба во нашата државата, но и во Европската унија после недонесувањето на одлуката на самитот на земјите – членки на ЕУ во октомври.

Поврзани новости