545
Вицепремиерот Артан Груби на денешната прес-конференција верува дека ќе има стабилно парламентарно мнозинство, но и дека проблемот со Бугарија ќе биде решен.
„Јас сум уверен дека Заев ќе ја почне процедурата за нов претседател на СДСМ. Ова е процес што не завршува за еден ден, туку мислам дека ќе трае еден месец и дотогаш се надевам дека ќе имаме стабилно парламентарното мнозинство и да продолжиме со реформи преку, првично одобрувањето на буџетот на државата, но и решавање на спорот со Бугарија, рече на новинарско прашање Груби.