Груби: Убедени сме дека законите за ЈО и изборниот законик ќе се донесат пред распуштање на Собранието

by fokus

Артан Груби вечерва на Фејсбук порача дека ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, но тука ги спомена и измените на изборниот законик за корекција на изборните единици.

-ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор. Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието. Предвремените избори беа консензуално договорени кај Претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја, напиша Груби.

Измените на изборниот законик не беа на агендата за носење пред избори, се до вечерва кога ДУИ ги стави во игра и покрај краткиот временски рок до распуштање на Собранието кое треба да се случи во недела.

 

Поврзани новости