Денеска, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби придружуван од министрите Насер Нуредини, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, замениците министри Илир Хасани и Беким Реџепи ја посетија општина Тетово каде беа пречекани од градоначалничката Теута Арифи.
„Исклучително сум среќен што денеска сум во Тетово и им честитам на тетовци за започнувањето на овој значаен проект за кој градоначалничката Теута Арифи секој ден инсистираше да се реализира, а со поддршка на Владата во соработка со општината веќе го гледаме почетокот на работите. Нашето владино присуство овде денес, има за цел да ги информира не само жителите на Тетово, туку и сите жители на овој регион дека Владата постојано се грижи за секоја наша населба и стои зад сите проекти на градоначалниците на нашите општини“, рече првиот вицепремиер Груби.
Понатаму, Груби нагласи дека целата владина поддршка ќе биде во реализација на проектите кои се започнати во општина Тетово но не запирајќи со само толку.
„Истовремено, како што реков вчера во Скопје, сакам да потенцирам овде денес, дека јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во програмата на г-ѓа Арифи затоа што без сомнение таа е челична дама која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години, но јас не сакам да застанеме тука туку да продолжиме понатаму, во оваа цел има апсолутна поддршка од сите од нас без никакво двоумење и најголем доказ е продолжувањето на овој проект и од денес почесто ќе не гледате во Тетово бидејќи Тетово ќе стане градежно поле од сите страни во однос на реализација на проектите. Дама како Теута застанува на чело во битката на тетовци со „Ковид“ отварајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата и тоа е токму она што му треба на Тетово. Тетово има потреба од Теута Арифи затоа што таа му доликува на Тетово“, нагласи Груби при посетата на Тетово.